Ќе се гради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производи

Bez autora
Mar 19 2013

Создадени се сите предуслови за изградба на нов откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Битола. Центарот со површина од 4 хектари, ќе биде лоциран на локација што ја бараа земјоделците. Со овој проект уште еднаш се потврдува добрата соработка меѓу Владата и локалната самоуправа. Целокупното земјоделско производство од Пелагонија ќе се откупува токму на оваа локација. Голем е интересот за инвестирање во вакви проекти поради што во функција се става државното градежно земјиште. Комитетот за градежна експанзија овозможи да се создадат потребните услови за непречено вложување и изградба на центри за откуп и дистрибуција на земјоделски производи во целата држава.

Ќе се гради центар за откуп и дистрибуција на земјоделски производиСоздадени се сите предуслови за изградба на нов откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Битола.

Како што соопшти градоначалникот Владимир Талески, центарот со површина од 4 хектари, ќе биде лоциран на локација што ја бараа земјоделците. Со овој проект, рече министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, уште еднаш се потврдува добрата соработка меѓу Владата и локалната самоуправа.

- Целокупното земјоделско производство од Пелагонија ќе се откупува токму на оваа локација - истакна Димовски кој присуствуваше на промотивниот настан.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, голем е интересот за инвестирање во вакви проекти поради што во функција се става државното градежно земјиште. Комитетот за градежна експанзија овозможи да се создадат потребните услови за непречено вложување и изградба на центри за откуп и дистрибуција на земјоделски производи во целата држава.

- Утврдивме повеќе од 30 локации на кои може да се градат откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи. Поголем дел се веќе откупени, дел од нив веќе се градат, а очекуваме тоа да се случи и во Битола. На овој начин ќеима поголем извоз на земјоделски производи - истакна Јанакиески.

Градоначалникот Талески потврди дека домашни и странски компании веќе покажале интерес за изградба на центарот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik